Стручна работилница организирана од ДСАМ
- Ресторан Бела Вода, Велес, 25.10.2025 год
На 25.10.2025 во ресторанот Бела Вода, Велес беше успешно одржана стручната работилница во организација на ДСАМ. На работилницата зедоа учество 80 учесници кои, поделени во групи, работеа заедно со нашите партнери и поддржувачи Приматекс, ММ Хоспитал, Биоком, Еропек и Би-Мек.
СИМПОЗИУМ 2024
- Охрид , 14.06 - 16.06.2024 год
Втор Меѓународен Симпозиум на Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација на Македонија
одржан 14-16 јуни 2024 година во Хотел Метропол, Охрид со тематски наслов
“Вие сте во сигурни раце со дезинфекција и стерилизација”
Меѓународниот симпозиум ги обедини колегите и научните соработници од Македонија и регионот,здравствените и образовните институции и сите оние кои работат во областа на дезинфекција и стерилизација во здравствените институции. На симпозиумот се споделија нови знаења , идеи и практични искуства во областа на дезинфекцијата и стерилизацијата на хируршки инструменти и медицински материјали.
На симпозиумот присуствуваа околу 180 учесници и истиот беше подржан од: Medical Advance, ММ Hospital, Biokom, Arrowpack, Pharmachem, Lohmann & Raucher, Alkaloid, Деница Специјална очна болница, Tehnosektor, SciCan.
Работна средба - Стоматолошки факултет
- Скопје , 26.05.2023 год.
На 26.05.2023 год. во рамките на соработката со Стоматолошкиот факултет,во просториите на факултетот се одржа работилница .На истата беа присутни претставници Факултетот како и колеги од повеќе државни и приватни стоматолошки ординации.Работната средба се одвиваше во два дела,каде првиот дел беа предавања ,а вториот практична презентација на процесот на репроцесирање на медицински инструменти.
Регионална работна средба
- Тетово , 29.04.2023 год.
На 29.04.2023 год.во Тетово е одржана Регионална работна средба која беше поддржана од фирмата Медикал Адванс, Емин Рустеми (поранешен член на ДСАМ кој живее и работи во Германија),Оне хоспитал и огранок на ЗМСТАМ Тетово.Настанот се одржа во хотел Лирак и на него присуствуваа 50 колеги од Тетово, Гостивар, Струга и околината.
Меморандум за соработка
- Скопје , 19.04.2023 год.
Во просториите на Стоматолошкиот Факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје,на 19.04.2023 год .е потпишан Меморандум за соработка меѓу Стоматолошкиот Факултет и ДСАМ.Меморандумот беше потпишан од страна на Деканот на Стоматолошкиот Факултет од Скопје ,Проф.др.Ќиро Ивановски и Претседателот на ДСАМ Дипл.мед.сестра Весна Здравковиќ.
Работна средба - УСДС Србија
- Белград , 16.03.2023 год.
На покана на Српското здружение за дезинфекција и стерилизација УСДС, претставници на ДСАМ беа дел од настанот одржан во Белград на 16.03.2023год. Беа разменети искуства со колегите од регионот и остварени средби со Претседателот на Светската Федерација за дезинфекција и стерилизација г-ѓа Кристин Дениз и Претседателот на Здружението за стерилизација и дезинфекција на Србија,г-ѓа Весна Миољевиќ.
