Роден на 09.12.1993 година во Битола. Завршил општа медицина на Медицинскиот факултет – Скопје во мај 2019 година. Вработен е во ЈЗУ УК за Инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје од јули 2019 година, а специјализира инфектологија од септември 2019 година. Покрај членството во Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација на Македонија (ДСАМ), исто така е член и на Здружението на инфектолози на Македонија (ЗИМ) и Лекарската комора на Македонија (ЛКМ). Активно зборува македонски, англиски и германски јазик.