СИМПОЗИУМ 2024
- Охрид , 14.06 - 16.06.2024 год
Втор Меѓународен Симпозиум на Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација на Македонија
одржан 14-16 јуни 2024 година во Хотел Метропол, Охрид со тематски наслов
“Вие сте во сигурни раце со дезинфекција и стерилизација”
Меѓународниот симпозиум ги обедини колегите и научните соработници од Македонија и регионот,здравствените и образовните институции и сите оние кои работат во областа на дезинфекција и стерилизација во здравствените институции. На симпозиумот се споделија нови знаења , идеи и практични искуства во областа на дезинфекцијата и стерилизацијата на хируршки инструменти и медицински материјали.
На симпозиумот присуствуваа околу 180 учесници и истиот беше подржан од: Medical Advance, ММ Hospital, Biokom, Arrowpack, Pharmachem, Lohmann & Raucher, Alkaloid, Деница Специјална очна болница, Tehnosektor, SciCan.
Работна средба - Стоматолошки факултет
- Скопје , 26.05.2023 год.
На 26.05.2023 год. во рамките на соработката со Стоматолошкиот факултет,во просториите на факултетот се одржа работилница .На истата беа присутни претставници Факултетот како и колеги од повеќе државни и приватни стоматолошки ординации.Работната средба се одвиваше во два дела,каде првиот дел беа предавања ,а вториот практична презентација на процесот на репроцесирање на медицински инструменти.
Регионална работна средба
- Тетово , 29.04.2023 год.
На 29.04.2023 год.во Тетово е одржана Регионална работна средба која беше поддржана од фирмата Медикал Адванс, Емин Рустеми (поранешен член на ДСАМ кој живее и работи во Германија),Оне хоспитал и огранок на ЗМСТАМ Тетово.Настанот се одржа во хотел Лирак и на него присуствуваа 50 колеги од Тетово, Гостивар, Струга и околината.
Меморандум за соработка
- Скопје , 19.04.2023 год.
Во просториите на Стоматолошкиот Факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје,на 19.04.2023 год .е потпишан Меморандум за соработка меѓу Стоматолошкиот Факултет и ДСАМ.Меморандумот беше потпишан од страна на Деканот на Стоматолошкиот Факултет од Скопје ,Проф.др.Ќиро Ивановски и Претседателот на ДСАМ Дипл.мед.сестра Весна Здравковиќ.
Работна средба - УСДС Србија
- Белград , 16.03.2023 год.
На покана на Српското здружение за дезинфекција и стерилизација УСДС, претставници на ДСАМ беа дел од настанот одржан во Белград на 16.03.2023год. Беа разменети искуства со колегите од регионот и остварени средби со Претседателот на Светската Федерација за дезинфекција и стерилизација г-ѓа Кристин Дениз и Претседателот на Здружението за стерилизација и дезинфекција на Србија,г-ѓа Весна Миољевиќ.