За Нас

ДСАМ е основана на 17.03. 2009 год од група ентузијасти кои ја препознале потребата за едукација и унапредување на знаењата во областа на дезинфекција и стерилизација во медицинските установи.Таа е облик на доброволно здружување на граѓани и правни субјекти чиј интерес е промовирање и унапредување на дезинфекцијата и стерилизацијата во здравствените установи ,со цел обезбедување на сигурна и квалитетна здравствена услуга од аспект на микробиолошка безбедност.

Прв претседател на ДСАМ е г-га Маја Милан која несебично ќе ја води Асоцијацијата низ годините.Во тоа време Асоцијацијата ќе стане полноправен член на Светскиот Федерација за наука во областа на стерилизацијата во болниците

2011/2012 год.во организација на Асоцијацијата поддржано од Светската федерација и Австриското друштво за стерилни материјали ќе се одржи Првата школа за репроцесирање на медицински инструменти која ќе ја завршат 30тина наши колеги кои сега работат во замјава и во странство.

Во организација на ДСАМ беа организирани многу предавања,семинари ,работилници,работни средби и симпозиуми со еминентни предавачи од земјава и странство.

Во 2015 год.Претседател на ДСАМ станува Г-ѓа Анета Симоноска.Истата година делегација на ДСАМ предводена од Г-ѓа Анета Симоноска учествуваат на Светскиот Конгрес на Светскиот Федерација за наука во областа на стерилизацијата во болниците што беше одржан во Лил Франција.ДСАМ таму ќе се претстави со самостојна презентација на научно истражување за дејството на бакарот како дезифициенс.

Асоцијацијата со свои трудови зема учество и на многу други симпозиуми,работни средби и остварува контакти со сите Асоцијации и здруженија од областа на дезинфекција и стерилизација во медицински установи во земјата и регионот. Преку Меморандуми за соработка Асоцијацијата е активно вклучена и во образовниот процес на идните медицински кадри во РС Македонија.

Scroll to Top