Кратка биографија

Весна Здравковиќ

Родена на 17.01.1974 год.во Скопје. Средно Медицинско Училиште "Др.Панче Караѓозов "го завршува во Скопје 1992, а Висока Медицинска Школа ја завршува во Битола 2010 год. Од 1994-2015 год. работи на Универзитетската Клиника за очни болести во Скопје како инструментарка. Од 2015-2017 год работи во Ријад, Кралство на Саудиска Арабија, а денес е дел од тимот на Специјалната болница за очни болести "Деница" во Скопје , Р.С.Македонија.Активен член на Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација на Македонија е од 2010 год. кога ја завршува и Школата за дезинфекција и стерилизација. Претседател на ДСАМ станува во 2023год.Активно зборува македонски, српско-хрватски и англиски јазик.

Scroll to Top