Screenshot

ПОКАНА

Почитувани,

Со задоволство Ве покануваме да присуствувате на стручнатa работилница на тема “Дезинфекција и стерилизација на хируршки инструменти”,која ќе се одржи на 25 октомври 2025 год. во ресторан Бела Вода, Велес.

Целта на работилницата е да се унапреди знаењето и практиката во областа на безбедно ракување со хируршки инструменти, преку:

  • Презентација на современи методи за дезинфекција на површини и простории
  • Презентација и демонстрација на методи за чистење и дезинфекција на хируршки инструменти
  • Демонстрација на практични техники во детекција на микроорганизми
  • Пакување и контрола на пакување на хируршки инструменти
  • Размена на искуства во правилен избор на хируршки инструменти
  • Дискусија за протоколи и стандарди во областа на дезинфекција и стерилизација на хируршки инструменти

Работилницата е наменета за медицински пресонал кој работи во одделенијата за репроцесирање на хируршки инструменти,хируршки тимови и сите професионалци вклучени во процесот на одржување на стерилност и безбедност при работа.

Важни информации:
Локација: Ресторан Бела Вода ,Велес
Време: Регистрација на учесници  од 10:30-11:00 

Пријавување на следната маил адреса:
dsam.rsm@yahoo.com
 

Лица за дополнителни информации

Здравковиќ Весна 071 354 848
Мерџановска Лидија 076 488 290
Јованова Александра  075 836 347

Котизација:

  • -Котизација за учесници 1000 ден.
  • -Котизација за учесници на денот на настанот 1500 ден.
  • -Членовите на ДСАМ се ослободени од котизација

Плаќањето на котизација се врши на следната жиро сметка

Асоцијација за дезинфекција и стерилизација на Македонија
Жиро сметка 300000002899366
Депонент Комерцијална Банка АД Скопје

Очекуваме плодна работа и многу дружење.
Од името на Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација на Македонија

Весна Здравковиќ
Претседател на ДСАМ

Scroll to Top